Царовска: Хоризонт Европа е можност за влез во големото европско истражувачко семејство

Од:

Истражувачките центри, универзитетите, бизнис заедницата и граѓанските организации, во следниот седумгодишен период преку програмата Хоризонт Европа можат да влезат во големото европско истражувачко семејство. Република Северна Македонија го продолжува учеството во оваа европска програма за истражување и развој со статус на асоцијативна земја-членка, најави министерката за образование и наука Мила Царовска.

– Навистина треба да ни е чест што сме дел од програмата Хоризонт Европа, не само поради можноста да искористиме финансиски средства, туку затоа што добиваме можност да учиме од многу развиени земји коишто вложуваат во наука и ги гледаат бенефитите од таквите инвестиции, истакна Царовска на првиот работен состанок и промоцијата на Националната мрежа за поддршка.

Царовска нагласи дека на можностите што ги нуди Хоризонт Европа треба да се гледа како на импулс за личен ангажман за враќање на истражувачката енергија во државата.

– Оваа Влада и Министерство за образование и наука имаат за цел да инвестираат во наука, затоа што само така можеме да фатиме чекор, прво со регионот, а потоа и со Европа. Вложувањето во наука треба да биде системско. Наша заложба е инвестициите во наука постојано да ги зголемуваме, рече министерката.

Министерството за образование и наука има логистичка улога во промоција на истражувачката програма, со цел да се привлече вниманието на што повеќе поединци и ентитети кои ќе конкурираат за финансирање на своите проекти.

– Ова е најамбициозната европска програма, со буџет од 100 милијарди евра, во чија основа се зелената економија, дигитализацијата и конкурентната и иновативна економија. МОН на посебни инфо-денови ќе информира за повиците за финансирање во рамки на Хоризонт Европа, соопштија од МОН.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови