Царовска: Дигитализацијата ќе се воведува етапно, од 2021/2022 почнува во четврто одделение

Од:

Дигиталните учебници ќе се воведуваат етапно во образованието и целосно за пет години. Од 2021/2022 ќе се применуваат само во четврто одделение, рече министерката Мила Царовска, која повтори дека учебниците што сега се користат го немаат потребниот квалитет, не се усогласени со новите наставни програми и не ги пресретнуваат потребите на учениците за знаења и истражувања.

-Дигитализација наредната учебна година се случува само по програмата за четврто одделение, која е нова. Стари учебници за нова програма не се применуваат, што значи дека учебниците кои се дигитализираат согласно програмата за четврто одделение ќе бидат ставени во употреба од страна на училиштата на дигиталните платформи. За прво одделени учебниците се, исто така, нови, зашто имаме и нови програми. Тие ќе добијат печатена верзија од четирите задолжителни предмети, но не значи дека нема да можат да користат и други дигитални алатки зашто светот тоа го бара, изјави Царовска.

Одговарајќи на новинарски прашања по промоција на платформата за електронски упис на првачиња, министерката посочи дека новиот Закон за учебници дава можност наставниот кадар да избира од три учебници, за кој ќе смета дека е најсоодветен, а првпат, рече таа, се демонополизира издавањето учебници со ексклузивни договори.

Соопшти и дека училиштата во текот на летото ќе се опремуваат со библиотеки со дигитални уреди за учениците кои ги немаат. Ученик кој не ќе може да користи дигитален учебник ќе може да има печатен, ако е од ранлива група на семејство ќе го добие од училиштето, а ако не е, самостојно ќе го отпечати.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови