Царинска управа: Рекордна заплена на златен накит, со проценета вредност од 2,3 милиони евра

Од:

„Вчера во вечерните часови на Меѓународниот аеродром Скопје, царинските службеници открија и запленија над 43 килограми златен накит. Ова е рекордна заплена на златен накит, која се проценува на вредност од околу 2,3 милиони евра“, изјави директорката на Царинска управа, Славица Кутиров, на прес-конференција на која информираше за заплената на златниот накит.

Имено, по претходни сознанија и основан сомнеж, лице со српска патна исправа, кое пристигнало со редовниот вечерен лет од Истанбул, е упатено на детален претрес и преглед на багажот. Притоа во неговиот куфер и рачниот багаж е откриен разновиден златен накит пакуван во најлонски ќеси, меѓу кои и накит од бело злато со дијаманти со приложени сертификати. Лицето претходно се упатило на зелен канал и не ја пријавило стоката, известуваат од Царинската управа.

Лицето и стоката се привремено задржани и во моментот се спроведува истрага. Во истрагата се вклучени Секторот за контрола и истраги и Секторот за професионална одговорност на Царинската управа. За случајот веднаш e известен дежурниот јавен обвинител заради спроведување на понатамошни истражни дејства.

„Царинската управа во рамки на своите приоритети за заштита на општеството и безбедноста на граѓаните, е силно фокусирана на борба против криминал и спречување на нелегална трговија. Во 2022 година бележиме двојно зголемување на бројот на случаи на спречување на недозволена трговија во сите категории во однос на 2021 година“, истакна Кутиров.

Споредено со 2021 година, кога имало 58 случаи на заплени, минатата година се евидентирани вкупно 114 случаи на заплени, и тоа: над 8 тони дроги и психотропни супстанци, како и заплени на девизи, злато и акцизна стока во вредност од над 2 милиони евра. Од нив во 5 случаи се запленети 33.8 килограми злато, со проценета вредност од околу 1.5 милион евра. Истото е предадено на Агенцијата за одземен имот, која понатаму го депонира во Народната Банка, до правосилно завршување на судската постапка.

Од почетокот на 2023 година како што информираше Кутиров, Царинската управа бележи 18 случаи на спречување на недозволена трговија во повеќе категории, меѓу кои: 2 случаи со околу 50 килограми запленети дроги и психотропни супстанци, 9 случаи на заплена на акцизна стока (тутун и преработки од тутун, електронски цигари и тутун за наргиле), 3 случаи на заплени на девизи со вкупен износ од над 90 илјади евра, како и 2 случаи на заплена на злато, вклучувајќи го и овој случај, со вкупна проценета вредност од над 2,3 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Уапсен помошник директор во Царина – бараше мито од над 15.000 евра

А1он