Царинска управа: При контроли запленети се сребрен накит, цигари, муниција за гасен пиштол

Од:

Во текот на минатите две недели, царинските службеници откриле повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, сребрен накит, уреди за автосервиси, опрема за заварување, автоделови, алати, цигари, кафе во зрно, техничка стока, облека, козметика, муниција за гасни пиштоли, додатоци на исхраната и фалсификати, соопштија од Царинската управа.

На Меѓународниот аеродром Скопје, при личен претрес на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Љубљана, биле откриени 7.400 евра, соопштуваат од Царинската управа.

„Во паричникот на патникот биле пронајдени 9.400 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок ќе биде поведена прекршочна постапка“, стои во соопштението на управа.

7.300 евра, биле откриени и при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи бугарски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце. Во рачна торбичка на возачот биле пронајдени 9.300 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи на возачот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок и против него, исто како и во првиот случај ќе биде поведена прекршочна постапка, велат од Царинската управа.

Во нивното соопштение се додава и дека при контрола на македонски автобус, што сообраќал на редовна линија Истанбул – Охрид, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица, биле откриени 209 парчиња сребрен накит (синџири, нараквици, обетки и прстен) со вкупна маса од 2.150 грама.

„Непријавениот накит бил пронајден во внатрешноста на перница пронајдена на седиште во автобусот на кое седел македонски државјанин, кој патувал со автобусот. Накитот е привремено задржан, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка“, стои во соопштението.

Од Царинската управа посочуваат дека исто така биле пронајдени и 1 комплет тестер и ултразвучен чистач на бензински дизни на возила, 1 сет од иноксен поклопен вентил со шрафови и шајбни, 1 пиштол за заварување, 25 килограми жица за заварување, 38 челични колена и 1 употребувана турбина за камион.

Оваа разновидна стока велат оттаму била пронајдена во три одвоени случаи при контрола на два автомобили и еден камион, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце.

Во сите три случаи, велат од управата, непријавените производи се привремено задржани, а против возачите ќе бидат поведени соодветни постапки.

Во два одвоени случаи, од страна на мобилните царински тимови исто така биле откриени и 80 употребувани автомобилски гуми и 39 разни употребувани алати. Непријавените производи, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка, велат од Царинската управа.

На граничниот премин Богородица пак биле пронајдени 82 штеки различни цигари, како и 1,200 грама тутун, овие производи посочуваат оттаму биле откриени во соработка со Министерството за внатрешни работи, при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица.

Понатаму додаваат од Царинската управа на Меѓународниот аеродром Скопје, биле откриени 29 штеки со рзлични цигари, на граничниот премин Табановце, пак, во првиот случај биле откриени 190 килограми кафе во зрно, додека во три други одвоени случаи биле откриени 25 мини компјутери „Raspberry Pi 3“, 26 СД-картички „Kingston 8gb“, 1 комплет од играчка конзола со камера, монитор, џојстици и слушалки, 3 парчиња електричен алат, 3 звучници, два микрофони, 2 држачи за звучници и 1 рачен часовник.

Покрај најразличните производи кои биле откриени при контрола, од Царинската управа во соопштението посочуваат дека при контрола на македонско патничко комбе, сопственост на фирма од Скопје која врши повремен превоз на патници на релација Скопје – Истанбул – Скопје била пронајдена и муниција за гасен пиштол.

„300 парчиња муниција за гасен пиштол со калибар 9 mm, биле откриени при контрола на македонско патничко комбе, сопственост на фирма од Скопје која врши повремен превоз на патници на релација Скопје – Истанбул – Скопје, пријавено за влез во државата на граничниот премин Богородица. Муницијата, пронајдена во патна торба сместена до возачкото седиште, е привремено задржана, а против возачот, македонски државјанин, е поднесено барање за поведување прекршочна постапка“, се наведува во соопштението на Царинската управа.

 

 

Би можело да ве интересира

Возат Тесла и БМВ со странски таблици без да ги царинат: Запленети 22 луксузни автомобили

Катерина Ѓуровски

Обид за шверц на апарати за коцкање преку царинската испостава Гевгелија

Спречен шверц на стоматолошка опрема, цигари, икони и зачини

А1он

Србин уапсен на Табановце, шверцувал папагали

Женски чанти и куфери запленети на Меџитлија

Катерина Ѓуровски

Запленети 18 илјади, патници се обиделе нелегално да ги пренесат преку граница