Царината заплени 860 килограми режан тутун

Од:

Одделението за истраги – Сектор за контрола и истраги при Царинската управа, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција, спровеле заедничка акција против нелегална продажба на режан тутун низ пазарите на територија на град Скопје.

Предмет на акцијата бил контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра.

„Во акцијата се запленети 860 килограми режан тутун кој беше пронајден по пазарите и други магацински простории. Со ова се избегнати давачки во износ од 1.763.000 денари. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопштуваат од Царинската управа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен шверц на змии на „Богородица“

А1он

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити