Царината заплени 20.000 евра oд македонски државјанин

Од:

Царинските службеници на „Табановце“ во текот на минатиот викенд запленија околу 20 илјади евра кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата. Непријавените девизи се откриени при детална контрола на возилото со кое лицето патувало.

На 22 октомври, македонскиот државјанин кој управувал возило со шведски регистарски таблички, на влез во државава изјавил дека со себе има само околу 10 илјади евра, иако носел вкупно 29.950 евра. Поради постоење на сомнеж, царинските службеници извршиле детална контрола и притоа зад возачкиот штитник за сонце и во просторот помеѓу предните седишта откриле поголем износ на девизи, коишто лицето не ги пријавило и за истите не поседувало документ за потекло.

Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 10 илјади евра, а останатите 19.950 евра се привремено задржани и согласно регулативата ќе бидат предадени во Народна банка. Против лицето е поднесена пријава за сторен девизен прекршок.

Царинската управа известува дека при секој влез во државата, патниците можат слободно да внесат девизи во износ до 10.000 евра по лице. Доколку се внесуваат ефективни странски пари – девизи над 10.000 евра, лицата се задолжени истите да ги пријават на царинскиот орган.

Би можело да ве интересира

Со кражба на идентитет испрале десет милиони евра од кокаин

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Царината заплени возило кое пренесувало дрога

Богоев: Преку ефективни реформски политики до поголеми инвестиции и производство со поголема додадена вредност

Горан Наумовски