Царината привремено задржа облека, обувки и средства за лична хигиена

Од:

Поради сомневање дека се фалсификати царинските работници во текот на изминатата недела привремено задржаа околу 2.500 парчиња облека и обувки и 152.600 парчиња средства за лична хигиена.

Како што соопшти Царинската управа на Република Македонија, вчера на граничниот премин Богородица, за влез во Република Македонија се пријави товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, натоварено со најразновидна текстилна стока од Турција, наменета за увозник од Босна и Херцеговина. При извршен детален преглед на стоката, индициран од ниската фактурирана вредност, царинските службеници привремено задржаа околу 1.934 парчиња облека, чанти и 694 пара спортски обувки под сомневање дека повредуваат право од интелектуална сопственост.

Фактурната вредност на привремено задржаната стока изнесува 5.169,00 евра, а доколку се работи за оригинални производи од заштитената трговска марка во малопродажба вредноста би достигнала 99.975,00 евра или над 6 милиони денари.

Во два одделни наврати, пак, на царинската испостава Тетово, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи привремено задржаа поголема количина средства за лична хигиена.

Во првиот случај при вршење на детална контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, натоварено со разна стока од Република Турција наменета за фирма увозник од Гостивар, привремено се задржани 1.400 парчиња пасти за заби со лого на позната заштитена трговска марка. Вредноста на стоката по приложената фактура за увоз на стоката изнесува 1.560 денари, а оригинални производи од заштитена трговска марка во малопродажба би достигнале околу 56.000 денари.

Во вториот случај, привремено се задржани 151.200 парчиња тоалетни сапуни со лого на заштитена трговска марка со потекло од Република Турција. Сапуните се откриени при вршење на контрола на товарно моторно возило со албански регистарски ознаки, а биле наменети за фирма увозник од Тетово. Вредноста на сапуните по приложена фактура за увоз на стоката е 2.257.164 денари, а доколку се работи за оригинални производи од заштитена трговска марка вкупната вредност би изнесувала 4.514.328,00 денари.

Поради основано сомневање дека претставуваат фалсификати на заштитени трговски марки, стоките се привремено задржани се до утврдување на нивната оригиналност, согласно Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост, наведуваат од Царинската управа.

Би можело да ве интересира

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Уапсен помошник директор во Царина – бараше мито од над 15.000 евра

А1он