Царинара спречила шверц на над 2.750 пакувања лекови за три месеци

Од:

Царинската управа во последните три месеци спречила обид за криумчарење и нелегално внесување на околу 2.750 пакувања лекови и медицински препарати.

Царинските службеници, по полноќ, на граничниот премин Деве Баир, спречиле обид за шверц на 10 илјади парчиња таблети „аминалон“. Лековите, соопшти денеска Царинската управа, се пронајдени во торби и куфери на македонски државјанин, патник во автобус кој сообраќа на редовна линија Софија-Скопје, пријавен за влез во државата.

Во сите случаи, освен еден, против прекршителите се отпочнати прекршочни постапки. Криумчарените лекови, Царинската управа ги одзема и предава на Агенцијата за управување со одземен имот за уништување.

На 6 октомври годинава на ГП Блаце, се наведува во соопштението, е спречен шверц на 2.471 парчиња разни лекови: Stugeron 75 mg, Propranolol, Thrombo ASS 100 mg, Epanutin 100 mg, Flixonase, Micardis Plus 80 mg, Xanax 0.25 mg, Aldizem  90 mg, Aciklovir 200 mg, Tocopherol и други. Лековите биле откриени при контрола на косовски автомобил, со кој за влез во државата се пријавиле двајца косовски државјани.

При контрола на патничко возило со германски привремени таблички, управувано од германски државјанин со регулиран привремен престој во Скопје, пријавено за влез во државата на ГП Табановце, на 11 октомври 2015 година мобилните царински тимови откриле 68 кутии разни лекови (LETENSIN, NIGERSAN, NOTAKEHL, PINIKEHL, EXMYKEHL D5, MICOKEHL и др.). Во овој случај против пријавениот беше поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење”.

На истиот граничен премин, на 3 октомври годинава, во автомобил управуван од македонски државјанин и пријавен за влез во државата, во кеси сокриени под возачкото и на совозачкото седиште, царинските службеници открија додатоци во исхраната и тоа 100 паковки по 20 таблети Ce Sum Leta, Fero Sum Leta, Cink Sum Leta и Selen Sum Leta и 10 опаковки по 24 таблети Api Sept.

Претходно, во август и септември 2015 година, откриени се три обиди за криумчарење лекови и тоа на граничниот премин Богородица се откриени 52 кутии различни лекови, додека на Деве Баир откриени се 17 пакувања суплементи. На преминот Блаце при детална контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, царинските службеници откриле 33 пакувања лекови.

Последниот случај, стои во соопштението, кој беше откриен неодамна е пратка од 765 парчиња различни видови на лекови со потекло од Индија, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Аеродром Скопје – стоково царинење на 6 октомври годинава од страна на фирма од Скопје.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ