Царина запленила мобилни телефони и галантерија за мобилни телефони, облека, очила, цигари

Од:

Во текот на минатите две недели се откриени две царински измами и повеќе обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани фалсификати, мобилни телефони, галантерија за мобилни телефони, облека, очила, цигари, машини за испитување на рачни часовници, додатоци во исхраната и лента за кантирање на иверици.

Задржана е следната стока:

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
– 28.800 чоколадни јајца со играчки и 14.976 парчиња бонбони со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Камионот бил натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.
Пазарната вредност на сомнителните производи е проценета на околу 1,3 милиони денари, доколку би се продавале како оригинални.
– 12.600 литри овошни сокови со ознаки на заштитена трговска марка, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Србија, пријавена за увозно царинење во поедноставена постапка за фирма увозник од Скопје. Поради сомневање дека соковите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.
– 1 уред за дијагностика на автомобили со ознаки на заштитена трговска марка, откриен во царинската испостава Аеродром Скопје – отсек за стоково царинење, при контрола на пратка од Кина, наменета за физичко лице од Прилеп. Поради сомневање дека се работи за фалсификувана стока, дијагностичкиот уред е привремено задржан, и согласно законските одредби ќе биде поведена постапка за утврдување на неговата оригиналност.

Мобилни телефони и галантерија
– 4 мобилни телефони и 146 парчиња галантерија за мобилни телефони (полначи, футроли, слушалки, фолии и држачи), откриени при контрола на албански автомобил, управуван од албански државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените производи, пронајдени во 4 најлонски кеси, сместени позади возачкото седиште и позади задното седиште, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
– 237 делови за мобилни телефони (футроли, маски, адаптери за полначи, слушалки, заштитни стакла и држачи), откриени при контрола на косовски автобус, пријавен за влез во државата на граничниот премин Јажинце. Непријавените производи, пронајдени во 3 најлонски кеси сместени во просторот за багаж на автобусот, се привремено задржани, а против сосптвеникот, македонски државјанин кој патувал со автобусот, е поведена прекршочна постапка.

Облека и очила
– 184 парчиња облека (детски јакни, панталони, детски хеланки и долна облека) откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на бугарски автомобил, управуван од бугарска државјанка, извршена на патниот правец Крива Паланка-Куманово. Непријавените производи, пронајдени во фабрички празнини, под задното седиште, под навлаките на седиштата и во фиоката за документи, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
– 200 пара спортски очила, откриени при контрола на швајцарски автомобил, управуван од македонски државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените очила, пронајдени во куфер, сместен во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Цигари
– 88 штеки цигари BOND со македонски акцизни маркички, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на чекираниот багаж на шведски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Ваксјо, Шведска. Непријавените цигари се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка.

Разна стока
– 2 репарирани машини (едната марка PROOFMASTER S, а другата марка NEW RTECH HANDY) за испитување на водоотпорност и точност на рачни часовници, откриени при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените машини, од кои едната била пронајдена пред совозачкото седиште, а другата позади торбите и куферите во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
– 12,7 килограми додатоци во исхраната (протени), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Непријавените производи, пронајдени пред совозачкото седиште и позади задните седишта на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
– 23 ролни PVC лента за кантирање на иверици, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавената стока, пронајдена во повеќе картонски кутии сместени во багажникот и зад возачкото седиште на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Измама
Во царинската испостава Гевгелија се откриени два обиди за избегнување на плаќање увозни давачки со погрешно декларирање на потекло на стока, при што се пресметани дополнителни увозни давачки во износ од околу 35 илјади денари.

Во првиот случај, увозник од Скопје пријавил за увозно царинење рамки за очила од пластика и метал, при што приложил фактури со изјава за потекло со цел стекнување на преференцијален статус на стоката и царинење со стапка за царински давачки од 0%. Поради сомневање во точноста на декларираното потекло на стоката, фактурите биле испратени на проверка кај царинската администрација на Грција, од каде бил добиен одговор дека фирмата извозник не доставила документи за докажување на преференцијалното потекло на производите, со што не била потврдена автентичноста на изјавата за потекло на стоката.
Врз основа на добиениот одговор, биле пресметани дополнителни увозни давачки во износ од околу 11 илјади денари, а против увозникот царинската испостава Гевгелија изготви Записник за потекло и Барање за конечно утврдување на податоци во ЕЦД и дополнително евидентирање на царински долг и спроведе прекршочна постапка со мандатна казна.

Во вториот случај, физичко лице од Кавадарци пријавило за увозно царинење употребувано патничко моторно возило при што приложило фактура со изјава за потекло со цел стекнување на преференцијален статус на стоката и царинење со стапка за царински давачки од 0%. Поради сомневање во точноста на декларираното потекло на стоката, фактурата била испратена на проверка кај царинската администрација на Германија, од каде бил добиен одговор дека извозникот не доставил документи за докажување на преференцијалното потекло на возилото, со што не била потврдена автентичноста на изјавата за потекло наведена во фактурата.

Врз основа на добиениот одговор, биле пресметани дополнителни увозни давачки во износ од околу 24 илјади денари, а против увозникот царинската испостава Гевгелија изготви Записник за потекло и Барање за конечно утврдување на податоци во ЕЦД и дополнително евидентирање на царински долг и спроведе прекршочна постапка со мандатна казна.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ