Царина запленила 16.000 евра и 213.000 чешки круни

Од:

Македонската царина во текот на изминатата недела во два одвоени случаи на граничниот премин Табановце запленила 16.000 евра и 213.000 чешки круни.

Во првиот случај, при личен претрес на двајца македонски државјанин кои патувале со македонски автомобил, пријавени за излез од државата, биле привремено задржани 16.000 евра.

Во рачна торба на сопатникот и под облеката, под појасот на фармерките, на возачот, биле пронајдени по 10.000 евра, за кои не поседувале документи за потекло. Согласно законските прописи на двајцата патници им биле вратени по 2.000 евра, износ што резиденти можат слободно да го изнесат од државата, и се поведени прекршочни постапки за сторените прекршоци.

Во вториот случај, при личен претрес на македонски државјанин кој управувајќи чешки автомобил се пријавил за излез од државата, привремено биле задржани 213.000 чешки круни. Во внатрешен џеб од неговото палто биле пронајдени 270.000 чешки круни за кои не поседувал документ за потекло.

Согласно законските прописи на патникот му биле вратени 57.000 чешки круни, противвредност на 2.000 евра, износ што резиденти можат слободно да го изнесат од државата и против патникот е поведена прекршочна постапки за сторениот девизен прекршок.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

На Табановце се чека и до 40 минути за влез и излез од државава

А1он

Холанѓанец уапсен на „Табановце“ – возеше 168 км/ч на место каде е дозволено 80

А1он

Хаос на Табановце: Странци со часови чекаат да ги платат казните од „Safe City“

Горан Наумовски

ВИДЕО: „Безбеден град“ и за странци, најмногу гужва и реакции на влез преку Прешево

Катерина Ѓуровски