Царина заплени златен накит и драгоцени камења

Од:

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен накит, драгоцени камења, возило со бункер, мобилни телефони, преносни компјутери, рачен часовник, облека, 3Д очила, цигари, кафе и фалсификати.
Задржана е следната стока:

Златен накит, драгоцени камења и техничка стока
– 30 парчиња златен накит, 1 златна пара, 2 употребувани преносни компјутери, 2 употребувани мобилни телефони, 1 употребуван рачен часовник и 973 драгоцени камења, откриени во два одвоени случаи на Интернационалниот аеродром Скопје.
Во првиот случај, при личен претрес на албански државјанин кој допатувал со лет од Стокхолм и контрола на неговиот багаж, биле пронајдени 30 парчиња златен накит (прстени, нараквици, синџири, обетки и медаљон) со вкупна маса од 230 грама, 1 златна пара со маса од 8 грама, 2 употребувани преносни компјутери MacBook, 2 употребувани мобилни телефони Iphone и 1 употребуван рачен часовник МontBlanc. Непријавените производи се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.
Во вториот случај, при личен претрес на турски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул, во џебовите од неговите панталони биле пронајдени 11 ќесички со вкупно 973 драгоцени камења со вредност од 4.720 американски долари. Непријавените производи се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Облека и 3Д очила
– 6.915 парчиња облека и постелнина (кошули, пижами, долни тренерки, маици, фустани, мидери, бебешки ќебиња, бебешка постелнина и детски комплети), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 1. Непријавените производи, кои не биле опфатени со царинската декларација, се привремено задржани а против увозникот ќе бидеподнесено барање за поведување прекршочна постапка.
– 90 маици и 100 пара 3Д очила, откриени при контрола на пратка наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Аеродром Скопје – отсек за стоково царинење. Производите, кои не биле опфатени со царинските документи, се привремено задржани, а против увозникот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Возило со бункер
– патничко возило марка Volkswagen Touran со германски регистарски ознаки, во кое мобилните царински тимови открија 2 празни бункери. Возилото, управувано од словенечки државјанин, се пријавило за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. При извршената контрола, под тапацирите под предните седишта на возилото биле пронајдени два специјално конструирани бункери наменети за криумчарење стока. Возилото е привремено задржано а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Цигари и кафе
– 17 штеки цигари, без акцизни маркички, откриени при личен претрес на македонски државјанин кој како пешак се пријавил за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари, пронајдени во џебовите од јакната, тренерката и панталоните на патникот како и во рачна ташничка, се привремено задржани, а против патникот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
– 24 килограми еспресо кафе, откриени при контрола на македонски автомобил, уравуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Јажинце. Непријавеното кафе, пронајдено делумно во просторот за резервно тркало а делумно под задното седиште, е привремено задржано, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
– 899 парчиња облека (хеланки, блузи, женски палта, фустани, детски тренерки, детски комплети и чорапи) со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на разна стока со потекло од Турција, наменета за фирма од Струмица, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 1.
Поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, производите се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.
Пазарната вредност на сомнителните производи е проценета на околу620 илјади денари, доколку би се продавале како оригинали.

Измама
Во царинската испостава Кавадарци е откриен обид за избегнување плаќање увозни давачки со погрешно тарифирање на стока.
Увозник од Кавадарци пријавил за увозно царинење разни алати преси, менгеме, штрафцигери и друго, меѓу кои и 3 сетови од рачен алат, декларирани во тарифна ознака со стапка за царински давачки од 5% и стапка за ДДВ од 18%. При контрола на царинските документи и физички преглед на стоката било утврдено дека сетовите содржат алати што се распоредуваат во сосема друга тарифна ознака, за која согласно Водичот за царинење се пропишани стапка за царински давачки од 10% и стапка за ДДВ од 18%.
Врз основа на новоутврдената тарифна ознака биле пресметани дополнителни увозни давачки во износ од околу 5 илјади денари, а против увозникот е изготвен Записник за распоредување на стоката според царинската тарифа и е поведена прекршочна постапка со мандатна казна.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ