Царина минатата недела запленила цигари, додатоци на исхраната, инсектициди и фалсификати

Од:

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречиле неколку обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани цигари, додатоци на исхраната, инсектициди и фалсификати.

Задржана е следната стока:

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
-3.835 дезодоранси и 3.277 фудбалски топки со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во два одвоени случаи, при контрола на два камиони, натоварени со производи со потекло од Турција, наменети за фирми од Косово, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица.
Во првиот случај, во албански камион биле пронајдени 3.835 дезодоранси, додека во вториот случај, во македонски камион биле пронајдени 3.277 фудбалски топки. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, производите се привремено задржани, и согласни законските прописи ќе бидат поведени постапки за утврдување на нивната оригиналност.
– 4.122 пара влечки со ознаки на заштитена трговска марка, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 4. Покрај тоа биле пронајдени и 420 пара патики кои не биле опфатени со царинската декларација. Папучите, за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуалана сопственост, како и непријавените патики се привремено задржани. Согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на оригиналсноста на сомнителните папучи, додека за непријавените патики ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Цигари
– 65 штеки цигари од марките WEST, BOSS, Winston, Lucky Strike и Marlboro, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонско комбе управувано од македонски државјанин, пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените цигари биле пронајдени во специјално подготвено скривалиште во подот на возилото. Возилото и цигарите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна пријава.

Додатоци на исхраната
– 72 парчиња додатоци на исхраната PRIMED, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автомобил со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во три кеси сместени пред и позади предните седишта покриени со фротирка и облека, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна пријава.

Инсектициди
– 9,9 килограми инсектицид од марката METANATE, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на српски автомобил управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во картонска кутија во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна пријава.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ