Пред 4 години кога како партија бевме во коалиција со ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски ме молеше да бидам кандидат за градоначалник на Струга и ме замоли да го убедам СДСМ да ме подржат како кандидат. Тие со задоволство ме подржаа но Никола Груевски како и секогаш предава и беше предавник затоа што само два дена после мојата кандидатура извади против кандидат рече претедателот на ПЕИ, Фијат Цановски синоќа пред стружани.
„Ја продаде Струга, ја продаде на многу начини. После крадењето на гласовите нивните членови во изборната комисија повторно ја продадоа Струга.
– Гласаа и го замижија големиот изборен грабеж. Ја уништија Струга. Но тоа нема да дозволиме да се случува и понатаму. Ние ќе направиме се Струга да живее, Струга да биде туристички град, со работни места за сите млади луѓе“, рече Цановски.
Она што Груевски го направи е партизирањето на судството и уништувањето на сите медиуми.
„Повеќе нема независни медиуми. Ние како опозизција работиме само со неколку портали и неколку локални телевизии. Го уништги највисокото теле законодавниот дом. Обезбедувањето кое не изнесуваше од собранието не беше собраниско туку беше приватно обезбедување. Нас не ни треба апанажа туку предвремени парламентарни избори со што ќе покажеме дека народот е пред нас“, рече Цановски.
Цановски рече дека иако успеале да го срушат Космос, него никогаш нема да можат да го срушат.
„Косомос пак ќе се изгради. Јас сум тука Никола како столб стојам, мене никогаш нема да можеш да ме срушиш.Позади мене имам една голема коалиција, позади мене стои СДСМ и уште 20 други партии, позади мене стоие народот, позади мене стои Македонија“, рече Цановски.