Цановски и Милетиќ прават нова пратеничка група?

Од:

Тројцата пратеници од ПЕИ, кои се оделија од опозициската коалиција, Драгиша Милетиќ од Српската напредна странка, а најверојатно ќе им се придружи и Ивон Величковски од Либералната партија, ќе формираат нова пратеничка група во Собранието, пренесе Плусинфо.

Со тоа оваа потенцијална формација ќе брои пет члена што е услов за пратеничка група која ќе има право да присуствува на координацитие кај спикерот Вељаноски.

ПЕИ на Фијат Цановски, инаку вчера соопшти дека ја напушта коалицијата „Сојуз за иднината“, а како причина ја наведе потребата која се наметнала по спроведувањето на локалните избори.

Од Либералната партија ниту ја потврдуваат ниту ја негираат оваа информација,, но  изгледа се поверојатно дека ќе се формира нова коалиција меѓу партиите со по еден и три пратеника, доколку не сакаат да се приклонат кон постоечка пратеничка група, оти влезниот праг за формирање нова таква група е пет пратеници.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година