Цакај: Честитки за договорот меѓу СДСМ и ДУИ за формирање влада

Од:

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај во телефонски разговор со генералниот секретар на ДУИ, Артан Груби, го поздравил „историскиот договорот меѓу СДСМ и ДУИ за формирање влада кој овозможува за првпат Албанец да биде премиер“.

-Искажав мои најискрени честитки за историскиот договор што ќе овозможи за првпат премиер Албанец во Северна Македонија, дури иако само 100 дена како почеток, напиша Цакај на Фејсбук.

Тој исто така, наведува дека освен тоа што претседателот на Собранието ќе продолжи да биде Албанец, останува историско достигнување дека дипломатијата на Северна Македонија ќе ја води Албанец „што е потврда за зајакнувањето на албанскиот фактор“.

Според Цакај, денешниот договор отвора невиден хоризонт за јакнење на Албанците и развој на демократијата во Северна Македонија.

-Честитки до сите Албанци и посебна благодарност до Али Ахмети и Артан Груби за вредната работа што ја направија во однос на зајакнување на албанскиот фактор, демократија и внатрешен развој и евроатлантски процеси во Северна Македонија, посака министерот Цакај, кој по потекло е од Косово.

На крајот шефот на албанската дипломатија гарантира дека со Северна Македонија ќе продолжи одличната билатерална соработка и заедничката работа во рамки на НАТО и кон членството во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

(ВИДЕО) Филипче: Ние ги спремивме новите бомби 2.0 најавувам дека утре следува нова

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Доколку СДС смета дека има поголема доверба од народот, нека поднесат барање за предвремени избори

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Никола Гревски, будимпештански пишувач на бајки

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он