Бушење и изградба на два бунари во локалитет Штипско езеро

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорот на ЈП „Исар“ извршија увид во работата на два нови бунари во локалитетот Штипско езеро. Се работи за инвестиција на ЈП „Исар“ во проширување на водоснабдителниот систем-бушење и изградба на два бунари со вкупна инвестиција од 2.771.453,00 денари.

„Денеска се наоѓаме во локалитетот Штипско езеро, кадешто заедно со директорот на ЈП „Исар“ ставаме во употреба два нови бунари. Пред неколку месеци започна инвестицијата на ЈП „Исар“ во овој локалитет за бушење на два нови бунари коишто ќе го подобра водоснабдувањето на општина Штип и водоснабдувањето за нашите граѓани.

Овие бунари ќе дадат дополнително 35 литри во секунда вода што значи дека паралелно со ова се доближуваме и до населбата Балканска, или заврши првата фаза од водоводот во населба Балканска и од наредната фаза веќе ќе почнат да се приклучуваат жителите од овој дел од градот.

Оваа инвестиција е над 2,7 милиони денари, што претставува сериозна инвестиција,“ стои во изјавата на Бочварски.

Оваа инвестиција е поради големите заштеди во ЈП „Исар“. Како за споредба од 2017 година и 2018 година ЈП „Исар“ има заштеди од околу 200.000 евра по основ на нафта, резервни делови и сите останати трошоци коишто ги правело во претходниот период јавното претпријатие. Во наредниот период се продолжува со доработка на сите елементи коишто се потребни за нашата филтер станица за да се презеде и водата од ХС „Злетовица“.

Со тоа се решава едно од најважните прашања за наредните години, а тоа е водоснабдувањето на општина Штип.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он