Булеварот „Јане Сандански“ до 30-ти септември со посебен сообраќаен режим

Од:

Булеварот „Јане Сандански“, од крстосницата кај McDonalds до крстосницата со булеварите „Србија“ и „Видоe Смилевски-Бато“, ќе биде целосно затворен.

Од град Скопје информираат дека сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улички. Од Лисиче кон Центар, сообраќајот ќе се одвива по коловозната лента во нормални услови.

Автобусите на јавниот градски превоз со бр.3, 3-А, 3-Б, 5, 15, 23 и 35, во правец од Центар кон Лисиче ќе се движат по улицата „Васко Карангелевски“, по булевар „АСНОМ“ и продолжуваат по својата траса, додека во обратна насока ќе се движат по постојната траса.

В сабота и недела, ќе биде затворена за сообраќај крстосницата на булeвар „Јане Сандански“ и булевар „Србија“.

Во текот на викендот, автобусите од јавниот градски превоз со број 3, 3-А, 3-Б, 5, 15, 23 и 35, во двата правци од Центар кон Лисиче и обратно, ќе бидат пренасочени по улицата „Васко Карангелевски“, булевар „АСНОМ“ и продолжуваат по својата траса.

Автобусите со број 13 и во двете насоки од Кисела Вода кон Железара и обратно, ќе се движат по изменета траса и тоа по булевар „Србија“, булевар „3-та македонска бригада“, улиците „Коста Новаковиќ“ и „Васко Карангелевски“ и булевар „АСНОМ“ и автобусите продолжуваат по својата траса.

Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан