Бујар Османи во работна посета на Република Естонија

Од:

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, од утре ќе престојува во работна посета на Република Естонија, каде ќе оствари средба со Министерот за надворешни работи на Естонија, Свен Миксер, со кого ќе разговара за приоритетите на естонското претседателство со Советот на Европската Унија до крајот на годината, политиката на проширување како и за евроинтегративниот процес на Република Македонија.

За време на работната посета Османи ќе оствари и средби со Клен Јарац, директор на канцеларијата за европски прашања при Владата на Република Естонија, со Томас Витсут, претседател на Комисијата за европски прашања при естонскиот парламент, како и со Ерик Нилс Крос, претседател на парламентарната група помеѓу Република Македонија и Република Естонија.

Тема на овие разговори ќе бидат билатералната соработка, регионалната соработка, проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан како и унапредување на меѓусебните односи на Република Македонија и Република Естонија.

По завршувањето на посетата на Република Естонија, Вицепремиерот Османи ќе отпатува во Брисел, и ќе се приклучи на делегацијата предводена од Премиерот Зоран Заев, каде ќе остварат бројни средби со високи претставници на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори