(ВИДЕО) Бухова: Никој да не ми се јавува да ургира, одговорност за сите кои го загрозуваат здравјето на граѓаните

Од:

Новата директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова на првата прес конференција упати порака до сите дека институцијата нема да потклекне на било какви јавувања, ургенции и притисоци и нема да амнестира никакви и ничии пријатели па ни на власта, кога ја загрозуваат здравствената состојба на граѓаните.

Таа порача дека сите се еднакви пред законот и за сите ќе има одговорност доколку го загрозат здравјето или животот на граѓаните.

Бухова најави дека ќе воведе 24-часовна линија за пријави и примедби од граѓаните низ целата земја по кои ќе постапува.

Таа изрази сомнеж дека во изминативе години како намерно некој да сакал да не функционира Државниот санитарен и здравствен инспекторат со оглед на состојбата во која го затекнала по нејзиното назначување на функцијата.

„Државниот санитарен и здравствен инспекторат има 70 вработени, од кои само 30 се државни санитарни инспектори, кои имаат лиценца за работа и кои можат да излезат на терен. Од тие 30, девет лиценцирани инспектори се од 54 до 59 години, а 11 од 60 до 67“, информираше директорката Ирина Бухова.

– Доколку не се преземат итни мерки инспекторатот ќе остане само со 10 инспектори, не знам зошто оваа институција е оставена во волку лоша состојба, рече директорката.

Таа исто така информираше дека Санитарниот инспекторат располага со 30 возила, од кои една третина се Југо, што би значело дека не се ниту малку безбедни за здравствените инспектори кои треба да излегуваат на терен со нив. Бухова потврди дека во Седмица и ДМ имало труење, но и дека двата објекти се отворени повторно.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Како новороденчето добило сепса – Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на бебето

Анита Петровска Рајковиќ

Затворени кујните во шест училишта во Карпош по појавата на салмонела

Инспекцијата влезе во Психијатриската болница Бардовци откако се појавија видеа со тепање пациенти

Катерина Ѓуровски