Бугарските навивачи вратени во Бугарија

Од:

Вратени се во Бугарија навивачите на фудбалскиот клуб „Ботев“ од Пловдив кои изутрината речиси три часа го блокираа сообраќајот на магистралниот пат А2, Куманово-Крива Паланка откако одбија да бидат приведени во полициската станица Куманово за испишаните навредливи графити на бензинска станица кај кривопаланечката обиколница.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, полицијата ќе преземе мерки по однос на вандалското однесување на дел од членовите на навивачката група на ФК „Ботев“, а автобусот кој ги превезувал навивачите, кој транзитирал низ Македонија, на пат кон Тирана, бил вратен во Републиак Бугарија.

Како што соопшти претходно полицијата, изутрината околу три часот автобус со бугарски регистрарски ознаки кој сообраќал на магистралниот пат А2, Крива Паланка- Куманово, запрел на бензинска пумпа „Макпетрол“ на обиколницата кај Крива Паланка, при што патниците, навивачи на спортски клуб „Ботев“ од Пловдив, Бугарија, излегле од автобусот и испишале графити со навредливи содржини за Македонија на бензинската пумпа. Патниците од автобусот залепиле и неколку налепници со ознака БГ, по што заминале од местото на настанот и се упатиле кон Куманово, бидејќи транзитирале низ Македонија кон Албанија.

Околу четири часот биле запрени од полицијата од Полициска станица Куманово на автопатот А2, пред влезот во Куманово. Направен е претрес на автобусот, при што кај четири лица е пронајден доказен материјал, информираат од МВР. Патниците одбиле да бидат приведени и го блокирале магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.
Блокадата беше отстранета во седум часот и 45 минути.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР