Бугарски државјани осомничени за измама во Скопје, предложен притвор

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против маж и жена, државјани на Република Бугарија за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

– Двајцата соизвршители, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со прикажување лажни факти преку телефонски разговор довеле во заблуда една оштетена со живеалиште во општина Аеродром, на која во два наврати и зеле вкупен износ од 8.000 евра. Користејќи се со измама и презентирајќи лажни факти, осомничените ја навеле оштетената првиот пат да им даде 5.100 евра, а потоа уште 2.900 евра, велат од Обвинителството.

„Со оглед на тоа што осомничените се странски државјани без регулиран престој во земјава, па постои висок ризик да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, се додава во соопштението на Обвинителството.​

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај