Бугарија подготвена да го заштити воздушниот простор на земјава со авиони Ф-16

Од:

Бугарија, која е членка на НАТО, може да и помогне во заштитата на воздушниот простор на Северна Македонија, ако склучи договор за купување осум авиони Ф-16 од САД, рече премиерот Бојко Борисов.

Новинската агенција БГНЕС пренесува дека Бугарија, која е исто така членка и на ЕУ, се обидува да ги замени своите стари МиГ-29 и да ја подобри усогласеноста со стандардите на НАТО.

Американскиот Стејт департмент одобрил евентуалната продажба на осум авиони Ф-16 и слична опрема за Бугарија, по цена од 1,67 милијарди долари. Сепак, Бугарија очекува САД да понудат на продажба авиони по намалена цена од 1,2 милијарди долари.

-Разговаравме со мојот колега Зоран Заев минатата недела, да го чуваме воздушниот простор на Северна Македонија кога ќе ги добиеме новите авиони. Ова ќе биде добро и за нив и за нас, изјави Борисов.

Официјалниот американски предлог за продажба на борбени авиони F-16 во Бугарија се очекува да пристигне во рок од една недела, објави вчера бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов. Очекуваниот договор за F-16 Блок 70 на Локхид Мартин ќе биде најголемата воена набавка на државата на Црното Море од крајот на комунистичката власт во 1989 година.

Како што пренесува БГНЕС, Северна Македонија се надева дека ќе стане 30. членка на НАТО следната година и, исто така, очекува наскоро да обезбеди датум за почеток на преговорите за пристапување со ЕУ по договорот со Грција за промена на своето име од Македонија. Атина претходно ги блокираше напорите на поранешната југословенска република да се приклучи на двете организации.

Би можело да ве интересира

Почина Бранко Радовановиќ – македонското новинарство загуби уште еден свој препознатлив лик

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Врховниот суд го врати случајот со Модуларната болница на повторно постапување и одлучување

Предраг Петровиќ

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра