Бугарија ни испрати работна верзија на спогодбата за добрососедски односи

Од:

Бугарија на Македонија и испрати работна верзија на текстот на спогодбата за соработка и добрососедски односи меѓу Македонија и Бугарија, извести бугарската агенција „Фокус“.

Тихомир Стојчев, секретар во кабинетот на бугарскиот претседател Росен Плевнелиев изрази надеж дека активностите ќе се одвиваат бргу.

– Бугарскиот претседател многу пати и јасно го соопшти својот став за Македонија. Недвосмислено јасно е дека има потреба да се применат критериумите за добрососедски односи во рамките на проценката на напредокот на Македонија кон европските интеграции. Во декември 2012 во Брисел на Европскиот Совет членките на ЕУ се согласија за важноста на добрососедските односи како предуслов за членство. Тоа не е позиција само на Бугарија, туку е и позицијата на ЕУ. Од сега членките ќе го набљудуваат напредокот по ова прашање. Се надеваме дека работите бргу ќе напреднат. Тоа е во интерес на двете земји – рече Стојчев.

За дијалогот на двете земји за подобрување на односите меѓу двете сосетки изјава денеска во Собранието даде шефот на дипломатијата Никола Попоски, но не даде конкретна информација до каде се стигнати работните групи во двете министерства за надворешни работи.

– Имаше една средба на работната група која е креирана од министерствата за надворешни работи на Република Бугарија и Република Македонија, а следната средба треба наскоро да се случи.
Тема на дискусијата е можноста за зголемување на меѓусебната соработка во секој од оние домени на билатерална соработка кој бил предложен од наша страна. Во минатото имаше позитивни сигнали, така што дискусии од ваков тип за нас се добредојдени. Не сакам да прејудицирам ништо и мислам дека треба да видиме каков ќе биде резултатот од оваа работна група меѓу двете министерства за надворешни работи и тогаш да добиеме заклучоци – рече Попоски.

Би можело да ве интересира

Македонец загина во Бугарија откако 19-годишник со кола се заби во кафе бар

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ќе ги тргне „македонски јазик и идентитет“ од извештајот за Македонија, објави БГНЕС

Катерина Ѓуровски

Екс премиерот на Бугарија – Кирил Петков не е веќе пратеник, си поднесе оставка

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски: Бугарија има можност да се докаже на 24 јуни, па како добри соседи да ги градиме односите

Од 1. јануари во Бугарија само со евра

Катерина Ѓуровски

Бугарите протестираат против воведувањето на еврото: „Сиромашните се плашат дека ќе станат уште посиромашни“