Бугарија не ја трга блокадата – „го потврди својот став за Северна Македонија“ во Брисел

Од:

„Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Северна Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи работи во Луксембург, притоа останувајќи отворена за конструктивен дијалог со претстојното словенечко претседателство со Советот на ЕУ за изнаоѓање заемно прифатливи решенија“, соопшти попладнево Министерството за надворешни работи во Софија.

Бугарија беше претставена на состанокот на Советот од заменик министерот за надворешни работи на земјата Румен Александров. За време на разговорите се разговараше за моменталната состојба во процесот на проширување на ЕУ, објави бугарското МНР.

Бугарскиот заменик министер Александров изјави дека Бугарија продолжува со консултациите со Северна Македонија за спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство. Тоа е конструктивно и добронамерно, но, вели, очекуваме Република Северна Македонија „да започне во пракса да ги спроведува преземените обврски на високо ниво на 17 јуни 2021 година во Софија, што ќе ни овозможи да се движиме во позитивна насока“.

-Ова вклучува експлицитно откажување на Република Северна Македонија од територијални, малцински и историски претензии кон Бугарија, промена на натписи / споменици кои создаваат омраза кон Бугарија во Република Северна Македонија, активирање на процес на рехабилитација на жртвите на Југославенскиот комунизам поради бугарска самосвест. Без оглед на нашиот билатерален дијалог со Република Северна Македонија, Бугарија инсистира на тоа спроведувањето на Договорот за добрососедство од страна на Република Северна Македонија да биде вклучено меѓу условите во идната рамка за преговори за пристапување на Скопје во ЕУ, изјави Александров.

Бугарија ги пофали достигнувањата на Албанија во реформскиот процес и ја потврди својата поддршка за усвојување на рамката за преговори за оваа балканска земја.

Би можело да ве интересира

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија

Мицкоски: Државата е блокирана од нерационален и билатерален спор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Јотова советите да ги упати до буарските власти да дозволат Македонците да се организираат во невладини