Бугарија ќе и помогне на Македонија во подготовката на трудовото законодавство согласно со барањата на ЕУ

Од:

Бугарија ќе обезбеди експертска поддршка на Северна Македонија во подготовката на законодавството од областа на трудот и здравјето и безбедноста при работа, согласно барањата на Европската Унија. На овој начин Бугарија ќе го поддржи патот на Северна Македонија кон членство во ЕУ и социјалната политика, соопшти Министерството за труд и социјална политика на Бугарија по средбата во Софија на бугарскиот вицепремиер и министер за социјала Галаб Донев и неговата македонска колешка Јагода Шахпаска.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, размената на искуства во подготовката на прописите ќе биде дел од програмата за соработка во областа на вработувањето и социјалната политика за периодот 2022-2024 година, што ќе ја подготват двете соседни земји.

За време на разговорот министерот Донев ги презентирал антикризните мерки на бугарската Влада за поддршка на вработувањето, бизнисот и семејствата, а како што информирал Бугарија во моментов има најниска стапка на невработеност од 4,8 отсто.

Донев и Шахпанска разменија искуства за мерки за унапредување на вработувањето на млади и економски неактивни лица, проекти за субвенционирање на работни места и намалување на невработеноста, како и за создавање услови за конструктивен дијалог со репрезентативните организации на работодавачи и синдикатите.

Тие изразија надеж дека Бугарија и Република Северна Македонија ќе ја продолжат соработката на полето на работната миграција со потпишување договор за нејзино регулирање со цел да се обезбеди полесен пристап до пазарот на труд за граѓаните на двете земји.

Министерката за социјални работи на Северна Македонија Јагода Шахпаска е во посета на Софија за да учествува на меѓународната конференција за демографска одржливост, на која учествува и заменик-генералниот секретар на Обединетите нации и директор на Фондот за население на Обединетите нации, Наталија Канем.

Би можело да ве интересира

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Бербок: Договорената промена на Уставот да не се користи во натпреварот за популарност или да добивка на изборите

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Законот за здруженија ќе биде проверен од ЕУ во текот на скринингот

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ако се тргнат провокациите од Софија, македонските граѓани би почувствувале топлина од Бугарија

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ќе предложам до Владата Законот за здруженија да го испрати до Венецијанската комисија

Орце Костов