Буџетот е во добра кондиција, порача заменик-министерот за финансии од собраниската говорница

Од:

Собранието се очекува до крајот на денот да го донесе вториот ребаланс на Буџетот за годинава. Пратениците од опозицијата и владејачкото мнозинство го користат последниот ден расправа за ребалансот на Буџетот да ги вкрстат ставовите во однос на економијата во ситуација на пораст на бројот на болните од Ковид-19, како и начинот како земјата да се справи со тоа.

Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски од собраниската говорница порача дека Буџетот е во добра кондиција и во позиција да ги исплати сите обврски што ги има кон буџетските корисници и кон сите фондови.

– Во услови кога има намалена побарувачка и понуда на пазарот како резултат на здравствената криза и кога прибирањето на приходите е намалено сите држави прибегнуваат кон проектирање на буцетски дефицит за да може да се финансираат најраливите категории на граѓани и да се сочуваат работните места во компаниите кои се погодени од економската криза, рече Ковачевски.

Владо Мисајловски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли тврдењата на владејачката СДСМ дека опозицијата пет дена го кочи носењето на реблансот на Буџетот, а со тоа и четвртиот сет мерки за справување со коронавирусот. Мисајловски истакна дека тие како опозиција имаат право да ги кажат своите ставови и дека биле конструктивни.

– За се ја обвинувате опозцијата, за корона, за Буџетот… рече тој.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието