(ВИДЕО) Буџаку: Бојаровски мисли дека ако ме оцрни ќе стане директор на ЦУК

Од:

ЦУК доби благодарница од Џајка, јапонската асоцијација за помош во кризи и тоа е одговорот на прашањето дали во ЦУК се вработени професионалци или непрофесионалци, рече В.д. директорoт на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку по прес конференцијата на Илија Бојаровски кој го обвини за неправилно раководење со Центарот.

– Господинот Илија Бојаровски настапува сам, а не во име на Синдикатот. Тој мисли дека со оцрнување ќе стане директор на ЦУК, рече Буџаку.

Во врска со трошоците за ручекот со шесте членови од јапонската асоцијација, Буџаку рече дека ЦУК има буџет од 220 илјади денари и тој ручек е платен со тие пари.

– Се работи за еден ручек со шесте членови на јапонската асоцијација, а не шест ручеци како што кажа Бојаровски, рече Буџаку.

В.д. директорот истакна дека сака да се сретне со членовите на синдикатот и дека сака да разговара за сите проблеми со нив.

Претседателот на синдикатот на вработените во ЦУК, Илија Бојаровски, заедно со новинарите се обиде да влезе во кабинетот на Буџаку, но не му беше дозволено од страна на обезбедувањето.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот

А1он

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Активни се шест пожари на територијата на Македонија

Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11

Активни се пет пожари на отворен простор, шест се ставени под контрола

Од 31 пожар на отворен простор, два се активни, пет се под контрола

Горан Наумовски