Будимпешта: Автобус со Македонци излета од пат

Од:

Дваесет и осум лица, од кои најголем дел македонски државјани, се повредени кога автобусот со кој патувале на релација Скопје – Прага излетал од патот во близина на унгарскиот главен град Будимпешта.

Несреќата се случила на 50 километри пред Будимпешта, кај градот Гор. Автобусот излетал од автопатот и завршил во канал, од каде што е извлечен со кран од страна на поражникарските служби.

Унгарската полиција ги истражува причините за несреќата, но според првичните информации возачот на автобусот заспал.

Осум лица се здобиле со потешки повреди, а меѓу повредените се и две деца чија здравствена состојба во моментот е добра. Повредените веднаш се пренесени во болницата Гор.

Од македонското МНР информираат дека се во постојан контакт со Амбасадата на Република Македонија во Будимпешта од каде што ќе бидат побарани официјални информации од надлежните унгарски органи за тоа како и кога се случила несреќата, колку лица се повредени, каде се тие сместени и најважно дали им е потребна каква било помош на македонските државјани.

Би можело да ве интересира

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево

Полицијата уапси едно лице по несреќата во Скопје во која загина 19-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Двајца работници загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Шабац, камион удри во екипа на пат