Бучковски: Изборите во Бугарија се исклучително важни за Македонија и преговорите со ЕУ

Од:

Бугарските парламентарни и претседателски избори в недела се исклучително важни за нашите амбиции, но и за амбициите на САД и Европската Унија за Софија да ја отстрани блокадата за започнувањето на преговорите на Република Северна Македонија за членство во ЕУ, изјави специјалниот претставник за Бугарија Владо Бучковски за бугарската агенција БГНЕС.

Бучковски потенцира дека за нас се важни роковите за составување на владата во пресрет на одржувањето на Советот на Европската Унија во средината на декември.

Без разлика дали Бугарија ќе го има старо новиот претседател Борисов или новиот претседател Атанас Герџиков, како што вели, до првата недела од декември се очекува Бугарија да има формирано кабинет, а САД и ЕУ не кријат дека ги чекаат изборните резултати, со цел да помогнат да се најде решение за спорот на Северна Македонија.

– Ставовите на Борисов и на Радев ни се добро познати. Обединетите партии „Продолжуваме со промената“ се исклучително позитивни во обидот да се најде решение за да се отстрани блокадата, вели Владо Бучковски за БГНЕС.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски