Бубевски: Во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица

Од:

Шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, на денешниот брифинг со новинарите рече дека во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица и не гледа пречка постапката за екстрадиција од Турција на првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо да заврши брзо.

На денешниот брифинг со новинарите тој сподели дека предметот е во сериозна фаза.

– Нема нови осомничени лица. Предметот е во фаза на истрага. Правниот дел во делот за екстрадиција е завршен. Останува делот од Турција, за кој што немам последни сознанија. Предметот е веќе во средна, сериозна фаза, можеби за брзо ќе има нешто кога ќе заврши екстрадицијата и не гледам никаква пречка тоа да се заврши брзо – рече Бубевски.

Во врска со партијата Десна, која продолжи со работа, а дел од осомничените се членови, Бубевски додаде дека нема докази дека партиски влијанија имале некаква врска со дејствијата во случајот.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

За нивното убиство се товарат Љупчо Палевски Палчо, кој е во привремен затвор во Турција, Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, и Стефан Димковски кој се сомничи дека му помогнал на Палчо да избега во Турција.

Би можело да ве интересира

Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

Манев кажа кој го уништил синиот ранец со пиштолот користен за убиствата на Вања и Панче

Да се ослободи Палевски, нема конкретни докази против него, вели адвокатот Страшевски

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски

Туфегчиќ: Судот да го ослободи таткото на Вања, јавниот обвинител не докажа дека тој сторил некакво кривично дело

Одбраната бара слобода за Кешишев и Видевски, обвинети за убиствата на Вања и Панче

Горан Наумовски