Брзо ќе се санираат последиците од несреќата со товарниот воз во Романовце, вали Локвенец

Од:

Дванаесет вагони од товарен воз се излизгаа од пругата кај кумановско Романовце, штета има и на 250 метри пруга. Стручните екипи ќе работат и за време на празниците за да се оспособи пругата на Коридорот 10, информираше директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура-Железници на Република Северна Македонија, Хари Локвенец кој изврши увид на местото на несреќата.

Откако ќе се отстранат вагоните ќе се работи на санација на пругата и да продолжи железничкиот сообраќај, што е во прекин по несреќата.

-Најдобриот дел во една ваква несреќа е што нема човечки жртви, но има голема материјална штетата и не само моменталната туку и сета онаа загуба која сите заедно ја претрпуваме и ќе ја претрпуваме заради нефункиоцнирањето за нас многу важниот Коридор 10 од железничката пруга и поврзаност на нашата држава со целиот свет, изјави Локвенец.

Стручна екипа, експерти од Македонски железници Транспорт и Македонски железници Инфраструктура ќе оценува која е причината и колкава е материјалната штета од несреќата.

Локвенец вети дека вработените во Македонски железници Инфраструктура ќе работат и за време на празниците и ќе ја оспособат пругата, поради важноста на оваа делница.

Товарниот воз 45702 кој пренесуваше толчаник (камен) за потребите на Македонски Железници Инфраструктура се излизга утрово во 09: 20 часот од Трубарево до Романовце. Излизгани се 12 вагони од композицијата која има вкупно 20.

Би можело да ве интересира

Во близина на Романовце опожарени се три бараки

Полициска акција во Германија, патник во воз носи експлозив

А1он

Оценка 2.91 за патувањето со воз, пругите „чекаат“ приватни оператори и ремонти

А1он

По 10 дена прекин, повторно сообраќа единствениот воз Скопје-Битола

Возот утринава пристигна навреме во Велес по вчерашното седумчасовно доцнење

Од среда возови од Скопје кон Битола и обратно ќе сообраќаат еднаш дневно