Брзи тестови за Ковид-19 и во Кочани, Кавадарци, Велес, Куманово, Битола и Делчево

Од:

Тестирање со брзи антигенски тестови од денеска се врши во здравствените домови во Битола и Делчево, од вчера е почнато во општите болници во Кочани и Кавадарци и здравствените домови во Велес и Куманово, а од понеделник ќе почне во Центарот за јавно здравје во Битола, соопшти Министерството за здравство.

Во овие јавно-здравствени установи, во петокот на 20 ноември е спроведена обука на тимовите кои ќе го спроведуваат тестирањето со овие тестови.

Од Министерството наведуваат дека и во другите региони, следствено, во моментов се одржуваат обуки на кадар и испитувања на условите потребни за отпочнување на тестирање.

Досега, на девет локации во Република Северна Македонија, вклучително и градот Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Минатата недела, почна тестирањето во здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Општата болница во Кичево.

Од Министерството нагласуват дека за брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на вирусот КОВИД-19, не повеќе од пет дена. Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тетсира со ПЦР тест или антигенски – брз тест. Тестирањето со брзите антигенски тестови е бесплатно за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски