Брвенчанец упатил закани и навреди кон полицајци на пункт

Од:

Во време на полицискиот час синоќа околу 20 часот, машко лице кое управувало возило „фолксваген“ на излегување од тетовската болница започнал да упатува навреди и закани кон полицајци застанати на пункт за контрола на улицата „29 ноевмри“, по што побегнал, соопштија денеска од СВР Тетово.

Од СВР Тетово велат дека потоа се утврдил идентитетот на човекот, од Брвеница, кој во текот на денот ќе бидет повикан во полициска станица Тетово.

– Во изминатите 24 часа нема прекршување на ограниченото движење на тетовскиот регион. Писмени предупредувања за не носење маски има за нови седум лица или од воведување на мерките регистрирани се вкупно 311 кои добиле таков поднесок, информираат од тетовската полиција.

Регистрирани пет нови лица кои се во изолација со решение од Државен санитарен инспекторат, а биле контролирани вкупно 195 лица. Нема нови решенија за самоизолација, додека контрола е извршена кај 23 лица.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок