Брутално претепан кратовчанец

Од:

Ноќеска во 1 часот и 55 минути, во Кратово, С.Н. (30), М.Ј. (29), Д.М. (28), С.Р. (32) и Т.Т. (23), сите од Кратово, е извршено насилство врз Д.Н.(37) од Кратово.

Насилството е извршено на тој начин што откако сторителите затропале на вратата на домот на Д.Н. и тој им отворил, го фатиле за облеката, го извлекле надвор, го собориле на земја и почнале да го удираат со раце и нозе во пределот на главата и телото при што му нанеле видливи повреди.

На Д.Н. му е укажана лекарска помош во Здравствен дом Кратово, од каде е пренесен во Ургентен центар Скопје. Од страна на Полициската станица Кратово сторителите се приведени и задржани, по целосно расчистување и документирање на настанот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата