Бронзен медал за Македонија на Олимпијадата по информатика во Техеран

Од:

Седумнаесетгодишниот средношколец Филип Михов го освои бронзениот медал за Македонија на 29. Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ), која се одржува во Техеран од 28 јули до 4 август.

Учествуваа уште тројца македонски средношколци – Владимир Максимовски, Димитар Бајрактаров и Марко Ќаласан, предводени од д-р Марија Михова и д-р Кире Триводалиев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

– На ИОИ 2017 учествуваат вкупно 304 ученици од 82 земји. И останатите тројца наши натпреварувачи постигнаа забележителни резултати, при што Димитар Бајрактаров беше на дофат на освојување на бронзен медал – од овој извонреден резултат го делеа само 3 поени, соопшти Здружението на информатичарите на Македонија за успехот на македонските средношколци на најпрестижниот натпревар од областа на програмирањето за средношколци од целиот свет.

Четворицата средношколци-учесници на ИОИ 2017 биле избрани во целогодишен циклус натпревари кој е редовно организиран од Здружението на информатичарите на Македонија, а оваа година се одржуваше по 28-ми пат.

– Со остварениот резултат, младите наши ученици уште еднаш, по кој знае кој пат, покажаа дека Македонија треба да биде горда на нив. Почнувајќи од 2010 година нашите претставници на ИОИ континуирано постигнуваат одлични резултати, освојувајќи медали речиси секоја година, изјави д-р Миле Јованов, претседател на Здружението на информатичарите на Македонија и член на интернационалниот комитет на Олимпијадата.

Република Македонија првпат како независна држава учествуваше на ИОИ во 1996 година и досега има освоено еден сребрен и 15 бронзени медали.

Следната, 30-та Интернационална олимпијада по информатика ќе се одржи идната година во Токио.

Би можело да ве интересира

Македонски ученици освоија три бронзени медали на Интернационалната олимпијада по информатика

Ана Ололовска

Бронзен медал за македонските млади информатичари на Европската јуниорска олимпијада по информатика одржана онлајн во Грузија

Ана Ололовска

Два освоени медала на 13. Јуниорска балканска олимпијада по информатика

Ана Ололовска

Балканска олимпијада во информатика во Скопје

Ана Ололовска

Во Штип „DigiGirlz“ караванот на Мајкрсофт Македонија

Ана Ололовска

„DigiGirlz“ – можности девојките да станат дел од ИТ-светот

Ана Ололовска