А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Бројот на заболени во светот надмина милион, земјава ја става во функција и мобилната болница

by А1он03/04/2020 - 08:4803/04/2020 - 09:49448
Share0

Бројот на заболени со новиот коронавирус во светот надмина еден милион. Најголем број заболени има во САД, Италија и Шпанија. Во земјава вчера се регистрирани нови 30 случаи со што бројката на заболени е 384 лица. Надлежните го очекуваат пикот кон крајот на април, а покрај веќе преземените мерки, од следната недела во целосна функција ќе биде ставена и мобилната болница со која треба да се дуплира капацитетот на Инфективната клиника.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Искрено се надевам дека нема да биде потребна. Сега засега нешто над 50 проценти е пополнет капацитетот на Клиниката, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче кој ја посети локацијата каде е сместена болницата заедно со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Филипче верува дека ќе имаме крива на прием на нови пациенти кој ќе биде практично амортизиран од Клниката за инфективни болести.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во мобилната болница ќе има 130 кревети, а според министерот, локацијата е добра бидејќи тука е и центарот на експертизата, односно специјалистите по инфективна медицина, медицинските сестри и резервниот тим од другите клиники.

Според вицепремиерката Шекеринска, не е задоцнето поставувањето на мобилната болница бидејќи би било неодговорно болницата да биде активирана пред пет недели и во неа да нема ниту еден пациент.

– Болницата треба да биде тука, тогаш кога капацитетот на Инфективната болница се пополнува. Ако денеска имаше пациенти кои не може да бидат примени, да, јас ќе кажев некој задоцнил. Но, ние сме предвреме подготвени за евентуална потреба од зголемување на капацитетот, рече вчера Шекеринска во изјава за медиумите.

Од друга страна, во земјава се најавуваат и донации од европските држави. Холандија веќе најави две илјади тестови и кабинет за дијагностика на Ковид 19 со кој треба да се дуплира капацитетот на сегашната лабораторија во Институтот за јавно здравје.

На земјава и е одобрен и пристап до Европскиот солидаран фонд, што значи дека ќе учествува во заедничките постапки за набавка на материјали и потреби за здравствените институтции.

Направени се и вкупно 4.117 тестови што во однос на регионот ја става државава во поволна ситуација односно во групата на земј со направени најголем број тестови на милион жители. Пред нас, е само Словенија.

– Од вкупниот број земји во светот, ние сме меѓу првите 30-40 што сметам дека е одличен резултат и сакам да потенцирам дека не станува збор само за бројка на тестови, туку целокупен пристап кон идентификување на пациентите, нивните контакти, кластерите на заболени, посочи министерот Филипче на вчерашната редовна прес-конференција во Владата.

Појасни дека оние кога имаат направено тест со антитела, мора да го направат и тестот за присуство на вирусот бидејќи тестовите за присуство на антитела само покажуваат сомнеж дека некој е носител на вирусот.

– Тестовите на антитела само поставуваат сомнеж дека некој е носител на вирус и затоа кај сите коишто ги прават тие тестови, мора задолжително да се направи тестот за присуство на вирусот, вели Филипче.

На Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се 64 пациенти. Во изминатите 24 часа примени се шест нови пациенти. Осум се со потешка клиничка слика, а неколку пациенти се во сосема добра состојба и тие ќе се тестираат во следните неколку денови со цел да се анализираат состојбите и доколку се негативни во два наврата ќе бидат испишани.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео