Бројот на починати од Ковид-19 на дневно ниво и натаму висок, благо намалување кај новозаразените

Од:

Благо намалување на бројот на позитивни на коронавирусот се бележи во државава. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 1 092 случаи, од 5 569 тестирани, но и 2003 оздравени. Починаа 32 лица и вкупната бројка граѓани кои ја изгубија битката со болеста од почетокот на пандемијата во земјава е 4182.

Вкупната бројка ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата е 141.157. Бројот на активни случаи во моментов е 21 542.

Во меѓувреме, продолжува процесот на имунизација. Се вакцинираат приоритетни групи од т.н. критична инфраструктура – луѓе кои имаат многу контакти во работата и повозрасните лица.

Од критичната инфраструктура, вчера со „Спутник В“ се вакцинираа воспитувачките и вработените во градинките и учлиштата, но и пожарникарите, кои, исто така, спаѓаат во приоритетните групи.

Имунизацијата тече и во останатите вакцинални пунктови во земјава со вакцината на Астра Зенека, која ја примаат лицата над 77 години, а во тек е пријавување кај матичните лекари и на граѓани на возраст над 75 години, кои ќе бидат вакцинирани со оваа вакцина.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска