Бројот на пациенти во ковид центрите падна под 100

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирано еден нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 34 лица се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Пациентот е примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат двајца пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 13 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 19 пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 65 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани четири пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани пет пациенти. На инфективното одделение во Тетово има три пациенти, во Велес се лекуваат шест болни, а во Куманово 15 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано шест пациенти, во Прилеп тројца, во ковид центарот во Гостивар осуммина, а во Струга четворица болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се девет пациенти, во Кичево двајца и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирани.

Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 99 и има околу 550 празни болнички кревети.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски