Вкупно 7.217 активни случаи на Ковид-19 има во државата, откако вчера беа регистрирани 601 нов случај. Согласно последниот извештај на Министерството за здравство, досега во земјата се направени 1.404.750 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 205.623. Оздравени се вкупно 190.570 пациенти, а починале 7.217 лица. Бројот на активни случаи изнесува 7.836.
Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 601 нов случај на КОВИД-19, од направени 4.501 тестирања. Оздравени се 304 пациенти, а починале 13 лица. Најмногу новозаболени повторно има во Скопје, каде вчера беа регистрирани нови 217 случаи. Потоа следува Битола со 68, Велес 34, а Кавадарци и Куманово по 31.