Бројот на новозаболени од Ковид-19 и натаму трицифрен, во Скопје активни 2.515 случаи

Од:

Нови 594 случаи на Ковид-19 од 2.617 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминатите 24 часа. Во болнички услови починаа три лица, 70-годишен пациент од Куманово, од Прилеп на 67-годишна возраст и еден пациент од Богданци на 75-годишна возраст. Оздравени се 162 пациенти.

Од новите случаи на Ковид-19, најголем дел се во Скопје – 303, Струмица – 34, Тетово – 26, Куманово – 22. По што следуваат Прилеп -19, Битола и Кочани по 18, Велес и Кичево по 17, Штип и Гевгелија по 13, Гостивар и Струга по 12, Охрид -10, Кавадарци, Крива Паланка, Валандово и Ресен по седум нови случаи, Радовиш – 6, Дебар и Делчево по пет нови случаи, Пробиштип и Неготино – 3, Демир Хисар, Берово, Виница и Свети Николе по два и по еден случај во Пехчево и Кратово.

Од вкупно 162 оздравени пациенти, најмногу има во Скопје-79, Струмица – 12, Штип, Берово, Кочани по 8, Свети Николе – 7, Прилеп и Крива Паланка по 6, Тетово – пет случаи…

Вкупниот број на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 23.201, бројот на оздравени пациенти е 17.111, на починати е 824, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.266.

Од вкупниот број активни случаи – 5.266, во Скопје има 2.515, во Струмица – 357, Тетово -271, Куманово – 214, Прилеп – 209, Кочани – 202…

Досега во земјата се направени вкупно 219.158 тестирања на Ковид -19.

Од скопските општини, најмногу активни случаи со Ковид -19 има во Аеродром – 505, Центар – 433, Карпош – 417, Кисела Вода – 296, Гази Баба – 256, Ѓорче Петров – 198, Чаир – 109, Бутел – 97…

На Инфективната клиника во Скопје примени се 11 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 65 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на Ковид-19, како и една мајка суспектна на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се тројца пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 34, а во болницата во Штип 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Штип истакна дека Законот за заштита од заразни болести веќе е во собраниска процедура и со амандманска интервенција ќе има можност веќе следната недела да се интервенира.

Посочи дека за кратко време се очекува и законот по скратена постапка да се реализира, со цел да се донесат новите мерки, кои ги предлага Комисија за заразни болести, а со цел да не се шири коронавирусот меѓу населението.

-Се изнуди практично таква ситуација, да мора да се интервенира во законот, поради тоа што дел од уредбите, препораките за носење на заштитна опрема во надворешна средина се ставени во уредбата со законска сила, којашто беше изгласана и донесена на крајот на вонредната состојба. Така да ова е најдобриот начин да имаме една мерка, којашто е ефикасна и ќе може да се контролира и да се спроведе, вели Филипче.

Прашан како ќе се справи здравствениот систем со недостигот на лекари и медицински персонал на инфективните одделенија низ земјава, Филипче со одговор дека тој проблем се надминува уште од почетокот на кризата со системот на ротации на лекарите и медицинскиот персонал од други одделенија.

Тој вчера преку својот фејсбук-профил им се заблагодари на своите колеги.

-Колеги, Ви благодарам што не се откажувате! Ви благодарам што давате сè од себе за да го спасите, зачувате и подобрите здравјето на нашите пациенти. Целиот товар е на вашиот грб и ја заслужувате најголемата почит и благодарност за хуманоста, грижата и пожртвуваноста. Во оваа борба со Ковид-19 вие сте нашите херои!, напиша Филипче.

Надлежните и натаму препорачуваат дека единствен начин за излез од оваа здравствена криза се носењето маски и одржување физичка дистанца.

Би можело да ве интересира

Ексминистерот Никола Попоски е позитивен на коронавирус

Жарко Настоски

Во Скопје седуммина починати и 272 новозаразени, Аеродром и Карпош со најмногу активни случаи

Жарко Настоски

640 нови случаи на Ковид-19, починаа 12 пациенти

Жарко Настоски

Кочанската болница се полни со пациенти откако презема болни од Ковид-19 од Штип

Жарко Настоски

Три медицински сестри од Клиниката за Гинекологија позитивни на коронавирус, еден доктор и директорката се во изолација

Жарко Настоски

Апел од верските лидери до граѓаните: Да се почитуваат мерките со цел заштита на своето здравје и здравјето на блиските

Ана Ололовска