Бројот на инфицирани со Ковид-19 надмина 10.000, моментно 4.199 активни случаи

Од:

Дневниот број на новозаразени лица од Ковид-19 во земјава и натаму е трицифрен. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани дури 152 нови случаи на Ковид-19. Со ова, вкупниот број на дијагностицирани со вирусот од почетокот на епидемијата во земјава достигна 10086, а има вкупно 4199 активни случаи.

Бројот на оздравени од почетокот на епидемијата е 5427, а на починати 460. Досега направени се вкупно 95 169 тестирања на КОВИД-19.

Според податоците на Министерството за здравство, вчера беа направени 1077 тестирања.

Од новодијагностицираните, 39 се во Скопје, 20 во Куманово, 15 во Гостивар, 14 во Штип, 13 во Струга, девет во Тетово, осум во Дебар, по пет случаи во Битола и Кавадарци, четири во Струмица, три во Охрид, Гевгелија и Делчево, два во Демир Хисар, Македонски Брод и Кичево и по еден во Прилеп, Радовиш, Кочани, Кратово и Свети Николе.

Институтот за јавно здравје во текот на вчерашниот ден регистрираше 70 оздравени пациенти, и тоа 23 во Скопје, 13 во Свети Николе, по десет во Тетово и Гостивар, осум во Куманово и шест во Штип. Во текот на вчерашниот ден немало починати пациенти.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера обвинија дека мерките преземени од Владата за борба против епидемијата се недоволни.

Токму сега после изборите, како што посочуваат, коронавирусот беснее, луѓе страдаат, докторите и сестрите гинат на работа, а мерки и Комисија за инфективни болести ги нема никаде. Според нив, нема промени во борбата против епидемијата.

Од владеачката партија, пак, посочуваат дека грижата на Мицкоски е лажна и не поминува кај граѓаните.

– Политиката едно зборувај, друго прави е целосно разобличена. Граѓаните добро видоа кој работи за заштита на јавното здравје, а кој го загрозува. ВМРО-ДПМНЕ зборува за непочитување мерки во изборна кампања, а токму таа партија и Мицкоски беа оние кои ги кршеа мерките за заштита од коронавирусот. Сите видоа дека Мицкоски не се грижи за ничие здравје, соопшти СДСМ.

Според последните податоци, во глобални рамки со коронавирусот досега се заразени 16.317.533 лица. Од нив починале 650.260, а оздравеле 9.981.282 лица.

Од земјите во регионот во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 52 нови случаи на инфицирани со Ковид-19, во Србија 467, во Грција 27, во Босна и Херцеговина 263, а во Бугарија 189.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски