Бројот на активни случаи во земјава падна под 3000, затворени голем дел од ковид центрите

Од:

Бројот на новозаразени со Ковид-19 во последното деноноќие е 46 од направени 3.487 тестирања. Оздравени се 89 пациенти. Пријавени се вкупно 15 починати лица, од кои четири лица починале во домашни, а останатите 11 во болнички услови.

Се намалува и бројот на приеми и на хоспитализирани. На инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава се лекуваат 379 ковид-пациенти.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Медицинскиот кадар е веќе вратен во матичните болници, а во дел од нив во тек е темелно чистење и дезинфекција. Се ослободуваат болничките капацитети, а здравствените власти изразуваат надеж дека нема да се соочиме со некој нов бран.

Досега во земјава се направени вкупно 769.471 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на кови-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.982, бројката на оздравени пациенти е 146.721, на починати е 5.280, а бројот на активни случаи изнесува 2.981.

Досега во земјава се вакцинирани над 200.000 граѓани, 40.000 од нив, ја примиле и вотрата доза.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски