Бројот на активни случаи од Ковид-19 во земјава намален под 3.000, за првпат од крајот на јуни

Од:

Институтот за јавно здравје денес регистрира намален број на активни случаи на Ковид-19 во земјава, односно 2950.

„После подолг период бројот на активни случаи е под 3.000. Последен пат под 3.000 активни случаи се регистрирани на 23 јуни оваа година. Поголемиот број на оздравени лица во споредба со новозаболените придонесува за намалување на бројот на активни случаи во континуитет во последниот период“, велат од Министерството за здравство.

Истовремено, денес се регистрирани и рекорден број на направени тестови на дневно ниво – 2172, со што вкупната бројка на тестови во нашата земја достигна 123.122.

Министерството за здравство информира дека со зголемување на капациетети за дијагностика и зголемувањето на бројот на тестови, со пристапот на широко тестирање, целта е рано откривање и следење на што е можно поголем број на случаи, вклучувајќи ги и асимптоматските носители на Ковид-19.

Од Министерството за здравство информираат дека мерките за заштита од Ковид-19 даваат резултати секаде каде што се почитуваат.

„Граѓаните се повеќе се придржуваат до препораките на здравствените власти за спречување на ширење на коронавирусот, а пристапот на широко тестирање дава резултати во откривањето на асимптоматските случаи. Уште еднаш апелираме до граѓаните, без исклучок да продолжат да се придржуваат до трите правила – носење заштитна маска, одржување на физичка дистанца и често миење на рацете. Само заеднички можеме да се избориме со Ковид-19. Да бидеме одговорни за нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски“, стои во соопштението на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски