Бројни настани од предновогодишната културна понуда во Крива Паланка

Од:

На прес-конференција во Локалната установа грaдски музеј Крива Паланка беше најавена богатата предновогодишна програма настани од културата и останати која општина Крива Паланка, заедно со соработниците, Национала установа Центар за култура Градскиот музеј, ги организираат по повод претстојниет новогодишни и божиќни празници.

Програмата започна од понеделник, 25 декември кога локалната власт во соработка со Марија Дибијаџо организираше дарување новогодишни пакетчиња за дечињата од село Нерав, а вчера во соработка со ОО на Црвен крст се спроведе крводарителска акција.

– Во четврток отпочнуваат настаните, на сцената во НУ Центар за култура, со претставата претставата „Дедо Мраз дојде и кај нас“ во изведба на Драмското студио,а вечерта, во ЛУ уметничката галерија на градски музеј ќе се одржи изложба и џез концерт „Сите бои на џезот 2“. Во петок во соработка со општинските воспитно-образовни установи на плоштадот „Карпошово востание“ ќе се одржи дневен концерт со наслов „Новогодишни музички снегулки“ со почеток од 12 часот, а на настанот ќе има дочек на Дедо Мраз. На овој музички хепенинг, покрај учениците од основните училишта и гимназијата, свој настап ќе имаат и децата од Дневниот центар за децата со попреченост и најмладите од градинката „Детелинка“, а специјален гостин е Мартија Станојковиќ-познатата тинејџерска звезда, изјави Драган Величковски, директор на ЛУ Градски музеј.

Рече дека новогодишните празнични активности ќе кулминираат в петок со концертот на популарната ЈУ поп-рок група, „Црвена јабука“, со почеток од 20 часот на плоштадот пред општината.

Неделава општината организира делење новогодишни пакетчиња на дечиња згрижени во Дневениот центар за грижа на лица со попреченост, пакетчиња за дечињата од градинките, како и пакетчиња за деца од социјално ранливите групи, приматели на социјална помош и пакетчиња за дечињата од градинките.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка