Бројката на заболени од коронавирус во земјава достигна 114 лица

Од:

Бројот на новозаболени од коронавирус во земјава достигна бројка од 114 лица во последниве 24 часа, говорат податоците на Министерството за здравство.

dobivaj vesti na viber

Детектирани се 29 новозаболени во текот на вчерашниот ден, од кои најголем дел се од Скопје.

Освен во постојните шест градови каде што имаше заболени од коронавирусот (Скопје, Дебар, Штип, Гостивар, Охрид и Кавадарци, коронавирус во последниве 24 часа е детектиран и кај едно лице во Куманово.

По градови во последните 24 часа се регистрирани 22 заболени во Скопје, тројца од Штип, двајца од Дебар, еден од Куманово и еден во Охрид.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1).

Од инфографикот што следува, а „А1он“ ќе продолжи да ги објавува секој ден, може да се види моменталната состојба за бројот на заболени од коронавирус во земјава и градовите од каде што доаѓаат лицата.

Би можело да ве интересира

151 нов случај на Ковид-19 во последните три дена, нема починати

86 нови случаи на Ковид-19, еден починат

Тројца починати, 76 нови случаи на Ковид-19

Ана Ололовска

96 нови случаи на Ковид-19, нема починати

Катерина Павлова-Николовска

Двајца починати, 83 нови случаи на Ковид-19

Ана Ололовска

176 нови случаи на Ковид-19, двајца починати

Ана Ололовска