Бројката на активни случаи во Скопје падна под 100

Од:

100 илјади вакцини „Фајзер“ преку Ковакс механизмот се очекува да пристигнат денеска во државава. Вакцините ќе се складираат во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина. Откако ќе биде добиена дозвола за пуштање на сериите во промет од Агенцијата за лекови тие ќе се дистрибуираат низ државата од почетокот на следната недела.

Ризик од опасен четврти бран засега нема тврдат здравствените власти во земјава. Најауваат засилен процес на имунизација во кој како приоритетна група ќе бидат опфатени наставниците за да може учебната година од септември да почне со физичко присуство.

Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, регистрирани се десет нови случаи на Ковид-19 од направени 2.302 тестирања, тројца починати и 17 оздравени.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.655, бројот на оздравени пациенти е 149.933, на починати е 5.481, а на активни случаи изнесува 241 од кои 89 во Скопје.

Од Министерството за здравство информираа дека на вакциналните пунктови во државата заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 285.957 граѓани. Вкупно се аплицирани 494.909 дози вакцини, а ревакцинирани се 208.592 граѓани.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски