Брнз: Ветото од Бугарија носи ризик не само за С. Македонија, туку и за ЕУ и процесот на проширување

Од:

Разочарани сме од ветото на Бугарија поради бројни причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го почне процесот на отворање и затворање на поглавјата со ЕУ, изјави американската амбасадорка во државата Кејт Мари Брнз.

Таа во интервју за Гласот на Америка, вели дека ветото носи ризик не само за Северна Македонија, туку и за ЕУ, како и за прашањата поврзани со процесот на проширување во целина.

– Очигледно е дека бевме многу разочарани од одлуката на Бугарија да го блокира почетокот на пристапниот процес минатата година, и ние ќе продолжиме да правиме тоа што можеме, за да осигураме билатералните прашања да се решаваат преку билатерални канали, и оти добрата волја и постојаните напори што Северна Македонија ги презема за да ги води билатералните разговори со Софија да продолжат на позитивен начин, одвоено од политичката реторика. Има држави кои не ги делат истите визии за Северна Македонија во Европа, и кои не ги делат вредностите за Европа, како слободна и обединета, каде има долготраен мир и стабилност. Тие можеби ќе гледаат да ја искористат ситуацијата за нивен стратешки интерес. Јасно е дека Русија и Кина не ја делат таа визија и мислам дека ова е нешто што сите треба да го имаат предвид. Затоа е особено важно пристапниот процес во ЕУ да се движи напред што е можно побрзо, вели амбасадорката Брнз.

Би можело да ве интересира

Бугарија не учествува во никакви консултации за повторно преговарање за обврските на Македонија, вели Петрова

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк