Бркотница со косовски криумчари на мигранти кај Гевгелија, тројца привдени

Од:

На автопатот Гевгелија – Скопје, кај клучка Демир Капија, полицијата денеска привла тројца ковсовски државјани кои кримчареле мигранти.

– Околу 03.05 часот во близина на Гевгелија, при преземање службени дејствија, полициски службеници забележале како во комбе „форд“ со косовски национални ознаки, кое го управувал Р.О., влегуваат повеќе лица мигранти. На даден знак за запирање, возилото продолжило со движење и при преземањето на дополнителни мерки за негово сопирање, патничко возило „фолксваген тигуан“ со косовски национални ознаки, во кое биле Б.Ц. и К.Ф., на автопатот ги попречувало службените полициски возила. По тунелот Јаворица од возилото „форд“ излегле лица мигранти, а возилата продолжиле со движење, информира МВР.

Од страна на полициски службеници на местото биле затекнати девет мигранти од Сирија, кои потоа се пренесени во Прифатен центар за странци во Скопје, а набргу, кај клучка Демир Капија, двете возила биле запрени и лицата во нив биле приведени и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски