Британскиот сој присутен во осум градови во земјава, откриен кај 56 случаи

Од:

Во текот на минатата недела до Институтот за јавно здравје се пријавени 649 материјали кои биле секвенционирани за присуство на „британскиот” сој на SARS-CoV-2 од три лаборатории, ИЈЗ, Жан Митрев и МАНУ.

Како што соопшти Министерството за здравство, од секвенционираните, 56 се позитивни за присуство на новиот сој на SARS-CoV-2. Од овие резултати е забележано дека „британскиот” сој на SARS-CoV-2 е присутен во осум градови, а најголем број случаи се откриени во Охрид (n=25), Прилеп (n=10) и Кавадарци (n=4).

Согласно анализите од МАНУ, во последниот период се детектирани поголем број на нови варијанти, кои претходно не беа присутни кај пациентите во нашата држава, што може да укажува на континуиран внес на нови случаи на Ковид-19 од странство.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 1 до 7 февруари 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски