Британија: Иднината на Македонија во ЕУ и НАТО е во опасност

Од:

Велика Британија ја предупреди Македонија дека нејзината иднина во Европската унија и во НАТО би можела да биде во опасност поради политичките превирања во врска со скандалот со прислушување минатата година, пренесува abcnews.

Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд изјави денеска дека “во текот на последните девет месеци гледаме дека работи назадуваат.”

Тој рече: “Ние треба да бидеме многу јасни со Македонија дека ако гледаме дека работите се враќаат назад, тие не може повеќе да имаат натамошен напредок во соработката со Европската Унија и со НАТО”.

Македонија заглави по објавувањето на опозицијата на прислушувани матеијали и наводите дека конзервативната влада прислушувала околу 20.000 луѓе, вклучително и полицијата, дипломати, судии и новинари.

Предвремени избори закажани за 5 јуни, кои имаа за цел надминување на кризата беа одложени, пренесува abcnews.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна

Руте: НАТО подготвен за мисија во Ормутскиот теснец

Раздорот во НАТО ескалира: Трамп бара одмазда

Келог: Време е за нов сојуз